Младо Нагоричане ББ

За нас

Стил Кон е компанија формирана во 2007 година, во 2010 станува 50% партнерство со Gerliko Холандија, а од 2014 станува во 100% сопственост на Gerliko Group Холандија.

Лоцирана е на 12км од Куманово, на магистралниот пат кон Република Бугарија, во селото Младо Нагоричане.  Компанијата во моментот брои повеќе од 70 вработени и располага со 2 производствени погони со вкупна квадратура од 5380 м2.

Главна дејност на компанијата е изработка на челична конструкција и монтажа на конструкција, како за пазарот на западна Европа, така и за домашниот пазар.