Младо Нагоричане ББ

Политика за заштита на животна средина

Политиката за Заштита на Животната средина на Стил Кон ДООЕЛ ја истакнува целосната посветеност на раководството во задоволувањето на потребите на клиентите и понудените услуги преку следење и придржување кон применливите законски и др. Пропоси националните  и меѓународните стандарди за заштитa на животната средина. Раководството ја истакнува важноста на заштитата на животната средина и континуирано се стреми кон подобрување на постоечкиот Систем за Управување со животната средина согласно стандардот ISO 14001:2015 преку обезбедување на ефективност и ефикасност во сите процеси и активности на компанијата.

Сите процеси се насочени кон:

  • Вклучување на барањата за заштита на животната средина во планирањето и дизајнирањето на активностите на компанијата
  • Поставување на цели за намалување на негативните влијанија врз животната средина и обезбедување на мерки и планови за нивна реализација
  • Елиминирање или намалување до максимално практично ниво на негативните влијанија врз животната средина,преку преземање на мерки за спречување на евентуално загадување преку инвестирање на нови современи технологии
  • Ефективна комуникација со вработените во компанијата,добавувачите,клиентите како и населението во околината на компанијата во однос на аспектите и влијанијата врз животната средина
  • Континуирано подобрување на Системот за Управување на животната средина,базирано на анализа на производите и услугите,преку исполнување и надминување на очекувањата и барањата на клиентите
  • Дефинирање,управување и контрола на процесите во компанијата кои имаат значително влијание врз аспектите на животната средина,со цел елиминирање или намачување на очекувањата и барањата на клиентите.
  • Грижа за постојано подобрување на мерките за заштита на животната средина преку управување на генерирањето на отпад,негова селекција и соодветно одлагање,вклучувајќи го и намалувањето на потрошувачката на енергија.

Секој вработен во Стил Кон мора да биде запознаен со политиката и да ја почитува како трајно начело во секојдневното извршување на работните обврски.