Политиката за Квалитет на Стил Кон ДООЕЛ ја истакнува целосната посветеност на раководството во задоволувањето на потребите на клиентите и понудените услуги. Раководството ја има преземено обврската за доследна примена на процесите за Управување со Квалитет низ целата компанија. Нивната главна грижа е на целиот персонал да ја истакнат важноста на квалитетот и континуираниот стремеж за подобрување на постоечкиот Систем за Управување со Квалитет согласно стандардот ISO 9001:2015 и ефикасноста на работата, преку ефективно искористување на персоналот, опремата и материјалите.
Сите активности во Стил Кон се под влијание на Политиката за Квалитет и може да се сумираат како што следи:
- Постигнување и одржување на квалитетот на услугите на ниво барано од клиентите, со користење на најдобрата достапна технологија и искуство за економските можности на компанијата, како и со примена и почитување на стандардите за заварување ISO 3834-2:2005 и EN 1090-1:2009+ A1:2011.
- Испорака на производите според дадените спецификации, а истовремено потенцирајќи ги условите за одржување на производите.
- Задоволување на нарачките во договорениот временски рок и секогаш согласно со одредените услови.
- Разбирање на контекстот на организацијата, преку анализа на внатрешни и надворешни прашања се со цел да се разберат потребите на засегнатите страни
- Размислување базирано на ризици и можности
- Планирање за квалитативно подобрување не само на понудените услуги туку и на производите базирани на информации кои се враќаат од клиентите.
- Обезбедување на организирана обука и образование на целиот персонал за тие да стекнат свесност за квалитет и специјализација во нивната работа, се во рамките на постојано подобрување на системот за управување со квалитет.
- Овозможување на помош и совети на клиентите обезбедувајќи тие да имаат ефективна и ефикасна корист, во врска со трошоците и квалитетот, системите на стандардизација како дел од финалниот производ.
- Одржување на личен контакт со клиентите со цел да се обезбеди постојана свесност за нивните потреби, и потребите на нивните клиенти, во поглед на квалитет и услуга.
- Соработка со сите соработници за да се обезбеди дека применетото ниво на квалитет и услуга е задоволително.
- Постојано подобрување на интегрираниот менаџмент систем
Генерално целта на Стил Кон е постигнување, одржување и подобрување на имиџот и сигурноста на пазарот со снабдување на производи со редовно висок квалитет со конкурентни цени кои се подржани со ефективни услуги.