Политиката за Заштита на Животната средина на Стил Кон ДООЕЛ ја истакнува целосната посветеност на раководството во задоволувањето на потребите на клиентите и понудените услуги преку следење и придржување кон применливите законски и др. Пропоси националните и меѓународните стандарди за заштитa на животната средина. Раководството ја истакнува важноста на заштитата на животната средина и континуирано се стреми кон подобрување на постоечкиот Систем за Управување со животната средина согласно стандардот ISO 14001:2015 преку обезбедување на ефективност и ефикасност во сите процеси и активности на компанијата.
Сите процеси се насочени кон:
- Вклучување на барањата за заштита на животната средина во планирањето и дизајнирањето на активностите на компанијата
- Поставување на цели за намалување на негативните влијанија врз животната средина и обезбедување на мерки и планови за нивна реализација
- Елиминирање или намалување до максимално практично ниво на негативните влијанија врз животната средина,преку преземање на мерки за спречување на евентуално загадување преку инвестирање на нови современи технологии
- Ефективна комуникација со вработените во компанијата,добавувачите,клиентите како и населението во околината на компанијата во однос на аспектите и влијанијата врз животната средина
- Континуирано подобрување на Системот за Управување на животната средина,базирано на анализа на производите и услугите,преку исполнување и надминување на очекувањата и барањата на клиентите
- Дефинирање,управување и контрола на процесите во компанијата кои имаат значително влијание врз аспектите на животната средина,со цел елиминирање или намачување на очекувањата и барањата на клиентите.
- Грижа за постојано подобрување на мерките за заштита на животната средина преку управување на генерирањето на отпад,негова селекција и соодветно одлагање,вклучувајќи го и намалувањето на потрошувачката на енергија.
Секој вработен во Стил Кон мора да биде запознаен со политиката и да ја почитува како трајно начело во секојдневното извршување на работните обврски.