Со што се занимаваме?
Челична конструкција
Изработка на челична конструкција е нашето основно занимање уште од самото формирање во 2005 година.
Со нашиот тим од стручни инжинери, техничари како и искусни и квалификувани машинобравари и заваравачи, нашата цел е да обезбедиме сигурност и професионалност на нашите клиенти при изработка на секаков вид на челични конструкции, во предвиден рок и конкурентни цени.
Опремени со најмодерна технологија и оптимизирани процеси на изработка, се трудиме да поставиме високи стандарди во изведба на челични конструкции на пазарот на кој сме застапени.
Армирано железо
Овој бизнис модел го имплементиравме во 2010 година по влезот на Gerliko како наш стратешки партнер во сопственичката структура на Стил Кон.
Со инвестиција од над 3.5 милиони евра во производствени погони со најнова технологија и опрема, Стил Кон влезе на пазарот со нови производи со висок стандард. Предностите од ова се оптимизирано време на конструкција, намалено количество на отпад, и нови заварувачки техники.
Gerliko ни пренесе огромно искуство, совети и менаџерски вештини, со што Стил Кон се постави како лидер во армираното производство во регионот.
Зајакнати Подови
Зајакнатите подови се посебна гранка на продажба развиена од Gerliko а подоцна имплементирана и во Стил Кон.
Цврстите подови се основа за секој бизнис и носат стабилност. Изработуваме соодветни решенија за зајакнати подови од секаков вид.
Повеќе од 30 годишно-то искуство допринесе Gerliko да се најде на врвот на пазарот во земјите кај што е застапен. Иститот пристап на работа беше воведен и во Стил Кон за да може клиентот да добие поголема вредност од својот проект. Листата на задоволни клиенти и проекти во сферата зборува повеќе за нас благодарение на вредноста која ја додаваме на секој завршен и успешен проект.
Изготвување на проектна и техничка документација за проектот
Изработка на челични елементи потребни за изградба на проектот
Логистика и монтажа на челичната конструкција